| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова продаде еден милион пакети со бонбоните Sugarpova

Секој чини $ 5,99, од кои Марија зема $ 1,1, или со други зборови $ 1,1 милиони профит за Русинката

Русинката Марија Шарапова  е најжешкото име во Мелбурн, не само поради нејзините професионални активности. Светски познатата тенисерка го претстави брендот со бонбони “Sugarpova” (игра на зборови со името, “Захарпова” ) наменети за локалните фанови. Слатките искушенија се нудат од минатиот август во САД, а во светот се продадени околу 1 милион пакети. Секој чини $ 5,99, од кои Марија зема $ 1,1, или со други зборови $ 1,1 милиони профит за Русинката! Таа вложи половина милион долари во нов бизнис, така што веќе е напред со сметките. Минатата сезона заработи  и 6,5 милиони од наградните  фондови во тенисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top