На плоштадот „Независност“ во центарот на Киев вечерва се застрелани двајца активисти на движењето „Самоодбрана на Мајдан“ и еден граѓанин, сопштија украинските власти.
Сѐ уште не е познато колку се тешки повредите на настраданите, а на местото на инцидентот пристигнала истражно-оперативна група на милицијата. Според очевидци, членови на радикалната организација „Десен сектор“ се обиделе да внесат алкохолни пијалоци на плоштадот, а чуварите се обиделе да ги спречат. Потоа еден од членовите на „Десен сектор“ почнал да пука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.