Во Македонија се гради патна инфраструктура, се отвораат нови фабрики, се инвестира во развој на земјоделството… Сите потреби на граѓаните постепено се остваруваат, порача кандидатот за претседател Ѓорге Иванов на средбата со жителите на Василево.
Понатаму додаде:
„Ги гледам и земјоделците во последните години, како се чувствуваат од кога еден млад тим предводен од Никола Груевски дојде на чело на Македонија. 500 милиона евра се дадени за субвенции. Но, земјоделието знае како тоа треба да го врати, со извоз на храна од Македонија, со извоз на квалитетни производи од Македонија. Тоа е успехот кога се работи тимски. Се работи тимски и со централната и со локалната власт и резултатите се видливи. Секаде, каде и да одиме ги гледаме успесите.
Низ Македонија се градат автопатишта. Нема напуштени села, секаде нешто се работи, секаде нешто се прави, затоа што сите ваши потреби се дел од Програмата на Коалицијата за подобра Македонија, предводена до ВМРО-ДПМНЕ. Не се инвестира само во земјоделието. Гледаме колку нови фабрики се отвораат низ Македонија. Во последно време 120 илјади работни места се отворени низ Македонија. Сите тие луѓе имаат плата, создаваат семејства. И затоа секаде каде што одиме, бараат градинки да се отвораат низ Македонија. Тоа е успехот на Македонија. Да создадеме и сегашност и иднина за идните поколенија.
Да помагаме на секој поединец, на секое населено место. Да бидеме сплотени и единствени. Тогаш и другите ќе не почитуваат. Тогаш и другите ќе ни честитаат. Само сложни и обединети постигнуваме успеси. Видовме како победуваат нашите спортисти. Победуваат затоа што работат како тим. Секаде успева Македонија. Успева затоа што сме посветени на она што сакаме да го постигнеме. Секој во животот мора да успее, за да биде успешна и Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево












