| четврток, 6 декември 2018 |

Две кумановки измамени за 6.000 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава за В.М.(64) и за О.Ј.(55) за сторени кривични дела измама, а О.Ј. и за фалсификување или уништување деловни книги.

Пријавените, во текот на октомври и на ноември 2008 година за да прибават противправна имотна корист ги довеле и држеле во заблуда две лица дека ќе ги вработат во фирмата „Линеа комерц“ – Куманово во редовен  работен однос од најмалку пет години, а како гаранција секоја требало да подигне кредит во износ од по 3.000 евра.

По ова, оштетените парични средства прибавени со кредит во износ од 6000 евра им ги дале на пријавените, а од страна на О.Ј. деловната документација од фирмата „Линеа комерц“ е уништена и недостапна за увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top