| четврток, 6 декември 2018 |

„Снежното кралство“ – анимиран филм со најголема заработка во историјата

frozen

Дизниевиот хит-филм „Снежното кралство“ (Frozen) е анимиран филм со најголема заработка во историјата, соопшти студиото, откако овој музички филм заработи повеќе од милијарда долари низ светот.

Во САД и во Канада од премиерата досега се заработи 398,4 милиони од продадени влезници. Премиерата на филмот беше на 27 ноември. Во светот заработи уште 674 милиони долари, што вкупно изнесува 1.072 милијарди долари, соопшто „Дизни“.

„Снежно кралство“ е инспирирано од бајката на Ханс Кристијан Андерсен, „Снежната кралица“. Станува збор за скандинавската принцеза која мора да се поврзе со својата сестра кралица која има моќ сѐ да претвори во мраз со своите раце и случајно да предизвика долга зима која го уништува нејзиното кралство.

Досега, првак на листата според заработката беше „Приказна за играчките 3“ со 1.063 милијарди долари заработка. И двата филма се на „Волт Дизни“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top