Јас сум човек од југот. Се препознаваме ние, затоа што сме луѓе домаќини. Пред 5 години ви кажав дека во животот имам три принципи, да бидам чесен, искрен и вреден. После 5 години повторно ви велам, не се променив. Останав чесен, искрен и вреден и ме радува што граѓаните го препознаа тоа и што успеавме да ја вратиме довербата во институцијата претседател.
Ова го истакна претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов на митинг во Демир капија и додаде дека е исполнето сето она што беше во рамки на неговите уставни и законски надлежности.
-Затоа сум повторно тука, да ја побарам вашата доверба за наредните 5 години. Во изминативе 5 години, честопати доаѓав тука. Неодамна бев кај вас за Св. Трифун. Ги закроивме лозјата за да имаме бериќтна година. Носевме амбасадори пред кои промовиравме каков потенцијал има Демир Капија, како и странски бизнисмени пред кои го промовиравме винскиот туризам и им покажавме дека имаме производи кои можат да се извезуваат во нивните земји.
Иванов подвлече дека кога се работи тимски, резултатите се видливи.
-Работевме напорно со премиерот, со министрите, со локалната и централната власт. Спроведовме многу реформи, донесоваме многу закони и законски измени. Мора да се прилагодуваме за европските стандарди. Иако сме блокирани на патот кон ЕУ ние ја созадваме ЕУ тука во Македонија. Резултатите се видливи. Отворени се 120.000 нови работни места, а до крајот на годината се очекува да се отворат уште 10.000 нови. Завчера бевме во Кавадарци и ја посетивме новата фабрика Дрекслер Мајер, која вработува 4000 лица. Тоа е новото лице на Македонија. Тоа се резултатите кога се работи тимски. Затоа во Македонија се градат автопатишта, се отвораат фабрики, но не се забораваат ниту граѓаните.
Како што сум јас постојано меѓу граѓаните, така се и Премиерот и министрите. Врз основа на вашите потреби и барања се изготвуваат програмите врз чија основа се бара вашата доверба. Но се дава и отчет за сработеното за сите патишта, локални и регионални, за сите училишта, болници..Затоа граѓаните имаат доверба во оние кои поднесуваат отчет за сработеното.
Рече дека се работело напорно и тоа во услови на голема економска криза, но и во такави услови се постигнале резултати.
-Јас ги поддржував сите проекти на Владата, за да се донесат странски инвестиции, да се донесат земји кои се пријатели и партнери на Македонија и ни помагаат преку различни фондови да се менува Македонија. Најмногу винамание посветивме на образованието. Се создадоа нови факултети, се дисперзираа многу факултети за да можат младите да студираат во местата каде живеат. Странските инвеститори ги ангажираат токму тие образовни луѓе, кои имаат знаење и кои се иноватори и креатори. Македонија е позната по своите иновации, затоа што има луѓе кои секогаш знаат да најдат решение за сите предизвици со кои се соочуваат.
Јас како професор, ја формирав Школата за млади лидери. Школа во која се едуцираа млади луѓе да ја водат Македонија. Нам ни требаат лидери, не само во политиката и економијата, туку и во спортот и во културата и секаде.. Секаде ни требаат тимови. Затоа што кога работиме тимски победуваме.
Спортистите ни покажаа како се постигнуваат резултати. Со љубов, со посветеност и со напорна работа. Затоа ги има нашите спортисти во превенства и горди сме кога победуваат и ги бодриме. Тоа е тимот Македонија. Тимот кој е сплотен и единствен и си ја сака својата држава. Си ја сака Македонија.
Иванов потсети во мандатот имал преку 450 средби со претседатели, премиери, министри.
-Преку 100 официјални и работни посети во странство. Но бев домаќин и на преку 40 официјални посети на странски претседатели на Република Македонија. Посети на пријатели, на луге кои и помаагаат на Македонија. Кои ја внесуваат во сите текови кои се случуваат во регионот, Европа и светот. Затоа имаме лице и образ повторно да ви се обратиме и со дигната глава повторно да ја бараме вашата доверба. Зашто покажавме како се сака Македонија и се работи во интерес на граѓаните на Макеоднија, без разлика на етничката, верската и јазична припадност. Сите што сме во Македонија треба да ја браниме и сакаме Македонија.
Мераба, рече Иванов, поздравувајќи ги Турците од Демир Капија.
-Покажавме дека Македонија е земја која ја почитува и негува традицијата,обичаите и го чува заветот од нашите предци. Многу наши предци загинале за слободата која ја имаме денес. Македонија е слободна и слободна живее,но таа слобода бара да се чува и негува од секоја генерација која доаѓа. Како што нам ни е оставен тој завет, ние го оставаме за идните поколенија. Затоа ги едуцираме младите луѓе да ја сакаат, чуваат и почитуваат Македонија.
Имаме успешни пејачи кои не прават горди, имаме и успешни научници по светските универзитети и успешни луѓе насекаде. Тоа е резултат, бидејќи економијата ни расте. Кога расте економијата растат и платите и пензиите и субвенциите. Опаѓа само невработеноста.
Претседателскиот кандидат истакна дека прв пат во Македонија ќе има автопат од северната до јужната граница и додаде дека потенцијалите на овој коридор мора да се искористат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Украле осум тони мазут од Специјалниот завод во Демир Капија




