| четврток, 6 декември 2018 |

Николовска „не чита“ што и пишуваат од опозицијата

Пратеничката од опозицијата Ленче Николовска не ги удостои загрижените членови и симпатизери на „Сојузот за иднинтата“ со одговор дали ќе има промена на одлуката за бојкот или не

lence11
Имено, синоќешната информација на press24, која ја пренесе и „Република“, а која денеска се испостави дека била неточна,  дека во седиштето на СДСМ во Скопје се одржува мини конгрес на кој треба да се донесе конечна одлука за бојкот или не локалните избори, ги остави  будни членовите и симпатизерите на опозицијата, да го чекаат исходот.

Пратеничката Николовска преку својот профил на „Фејсбук“ забележа дека и е многу тивко на социјалната мрежа, по што се редеа коментари на членови од опозицијата дека чекаат што ќе се случи, дека се нервозни, депресивни, „затишје пред бура“. Иако, загриженоста беше евидентна, таа не ги удостои  со одговор дека нема потреба да чекаат и да бидат загрижени, дека ставот е јасен и дециден- нема да се оди на избори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top