
Часовниците во Крим и во Москва синоќа во исто време отчукаа полноќ. Со преминувањето од зимско во летно сметање на времето, Крим одлучи да биде таму каде што е Русија. Крим ги намести своите часовници според времето во Киев во 1996 година. Синоќешната церемонија следува откако регионот и официјално влезе во Руската Федерација на 21 март.
Руската рубља веќе е воведена како официјална валута на Крим, а пензиите и платите веќе се исплаќаат во рубли. Руските официјални лица, исто така, им помагаат на локалните власти да ги усогласат правните и даночните прописи на Крим во согласност со рускиот закон, процес што треба да заврши до крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


