| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон најави кратка пауза

jen2

Холивудската актерка Џенифер Анистон откри дека следната година ќе се посвети на приватниот живот, што вклучува и планирање на венчавката со Џастин Теру, па затоа ќе направи кратка пауза во кариерата.

Актерката одлучи да направи пауза откако ќе го заврши снимањето на филмовите „Колач“, „Веќе ми недостигаш“ и „Ужасни шефови 2“.

– Годинава имам многу работа. Довршуваме некои делови од куќата, секогаш сакам нешто да реновирам. Тоа е возбудливо. Но, годинава работите престануваат, и тоа ќе биде тоа. Таму ќе живееме – истакна Анистон.

Таа призна дека одамна требало да направи пауза во кариерата.

– Морам да се одморам, а тоа ќе биде во 2015 година – наведе актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top