| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на граѓаните кои сакаат да го откупат дворното место

двор

Зголемен е бројот на граѓаните кои сакаат да го откупат дворното место за едно евро метар квадратен. Ако во наредниот период граѓаните не го приватизираат своето земјиште, по истекот на рокот до ноември годинава, ќе треба да склучат договор за закуп. Од надоместокот за закуп, 20 проценти од парите ќе бидат за буџетот, а 80 отсто за општините каде се наоѓа земјиштето.

Како што информираат од Агенција за катастар на недвижности, на територија на Република Македонија до сега има легализирано нешто повеќе од 85.000 дворови, а од нив само 26.000 се на територијата на Скопје.
Инаку, до сега два пати е продолжен рокот за откуп на дворно место, со што им се даде нова шанса на граѓаните, кои од некакви причини не успеале да поднесат барање за приватизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top