Вкупно 40 семејства од Кисела Вода кои имаат принова денеска добија ваучери во вредност од 6. 000 денари од општината. Еднократната парична помош се доделува деветти пат.
Досега се доделените 426 ваучери,.
Потребните критериуми кои треба да бидат исполнети за добивање на еднократната парична помош, се и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), Извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Овој проект од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе се запази се до истекот на четиригодишниот мандат на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.