– Она што беше во програмата сѐ беше реализирано. Сега доаѓам со нова програма која се надоврзува на она што досега беше направено. Остварив средби со преку 450 странски државници, премиери, министри, повеќе од 100 официјлани и работни посети, преку 40 официјлани посети на други претседатели на Репиблика Македонија. Во август, минатата година, бев овде заедно да го прославиме христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Да го почитуваме тој празнк кој ни го оставиле предците и ни оставиле завет да ја чуваме нашата традиција. Во изминатите 5 години во мојот кабинет дојдоа преку 5.000 граѓани. Сите кои беа расположени да ми дадат некоја идеја, да ми пренесат порака, беа добредојдени. Тоа и ќе продолжи доколку ја добијам вашата поддршка – изјави Ѓорге Иванов, кандидатот за шеф на државата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ на митингот во Пробиштип.
Тој нагласи дека превземаат се за во Пробиштип да се отвораат нови работни места и луѓето да ја најдат својата егзистенција во родното место.
– Македонија покажува како кога се работи тимски и посветно можат да се отворат 120.000 работни места, а до крајот на година се очекува да се отворат уште 10.000 работни места.Но за да се постигне економски успех потребни се две нешта: посветена реформска работа дома и активна економска дипломатија и проивлекување инвестиции од странство – нагласи Иванов.
Според него, успешноста на еден политичар не се мери со убави зборови и празни ветувања, туку со отворање на нови работни места. -Целиот мандат вниманието ми беше кон младите. Ги посетив сите државни универизитети и најдобрите студенти од сите универзитети дојдоа кај мене да ги пренесат нивните ставови како тие ја гледаат Македонија, својот живот, успех и просперитет во Македонија.Затоа и отворив Школа за млади лидери. Што би направил професор во политиката, ако не отвори своја школа. Таа школа оспособи повеќе од 150 млади луѓе да бидат лидери во Македонија, не само во политиката, туку и културата, спортот. Секаде ни требаат луѓе кои знаат да предводат, да обединуваат и да носат одлуки. За успешна економија треба и добра инфраструктура. Направивме се за да привлечеме и странски инвеститори, кои ќе вложуваат во инфраструктурата – рече Иванов.
Пред граѓаните на Пробиштип нагласи дека со изградбата на хидросистемот „Злетовица“ се решил долгогодишниот проблем за водоснабдување на шест општини во источна Македонија, меѓу кои е и Пробиштип.
– Во наредните фази ќе се продолжи со изградба на систем за наводнување, но и неколку мали хидроцентрали за производство на електрична енергија. Се инвестира во образованието и во здравиот живот на младите, со изграденото фудбалско игралиште. Со изградба на спортска сала во средното училиште „Наум Наумовски-Борче“, тениски терен и маалско игралиште. Пробиштип е еден од најмладите градови во Македонија во чиј атар е едно од најстарите села во Македонија – Лесново. Овој духовен храм е, воедно, и национално културно богатство за Македонија. Тоа е основа за развој на културен туризам во вашиот крај. Знаеме дека рударството е исцрпувачка работа. Сликата за рударот е дека е храбар, посветен и дека си ја сака професијата. Тоа нè инспирира и нас да работиме на конкретни цели и на конкретни резултати – порача Иванов.
Тој истака дека и во следниот мандат, негов приоритет ќе бидат држава и економија кои создаваат нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево