| четврток, 6 декември 2018 |

Новата либерна партија со поддршка за Иванов

vasilevski

Новата либерална партија му дава целосна поддршка на Ѓорге Иванов, актуелниот претседател и кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“.

Драган Василевски, претседател на партијата истакна дека во Иванов тие гледаат човек со изразен патриотизам, кој многу го сака својот народ и својата земја.

-Имајќи го во предвид сето тоа и она што го прави Владата на Република Македонија во изминатите години на чело до господниот Груевски ќе си земам за право да ве повикам на 13 април да го направите вистинскиот избор и д аго заокружите на гласачкото ливче брјот „1“, со што ќе му дадеме втор мандат на Иванов и ќе овозможиме Македонија без уцени и без блокади да продолжи по веќе трасиранот евро-атлански пат, да овозможиме за нашиот народ, за Македонија и сите кои што живеат во Македонија подобар живот. Живот што наликува на живтот во 21 век – изјави Василески пред граѓаните на Пробиштип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top