| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци: Ќе никне Споменик на жртвите од Тиквешкото востание

Кавадарци започна постапка за поставување споменик на жртвите од Тиквешкото востание од 1913 година

262661_107317309360966_1144597_n
– Целата постапка треба да заврши и споменикот да биде свечено откриен на 19 јуни, по повод 100-годишнината од овој голем историски настан во тиквешкиот крај, вели директорот на кавадаречкиот музеј, Петре Камчевски.

Тој најави дека следува конкурс на кој ќе се избере изведувач на проектот. Еден милион денари изнесува вкупниот фонд предвиден за негова реализација. Во Тиквешкото востание загинаа 545 жители на Тиквешијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top