Мал е бројот на луѓето во македонската историја што имале волја и пожртвуваност да ја вршат фукнција претседател со потребниот капацитет. Ѓорге Иванов во измнатите пет години покажа дека со своите достигнвања стои рамо до рамо со досегашните претседатели на Република Македонија, Никола Карев и Борис Трајковски, кои го посветиле животот за Макеоднија.
Ова од говорницата во Кратово на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го истакна потпретседателот на Владата на Република Македонија и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски.
Тој нагласи дека претседателот на државата е највисока функција што постои во државата и преку претседателот се врши најголемата презентација на Македонија надвор од нејзините граници.
– Претседателот Иванов, за жал, поголем дел од својот мандат го изввршуваше во време на економска и должничка криза, која сè уште трае во Европа, кога се губеа плати и работни места, во тој временски период ние успеавме со политиката, која ја спроведувавме да создадеме нови 120 илјади нови работни места, а тоа значеше и зголемување на платите во Република Македонија – посочи Пешевски во Кратово.
Во тоа време, нагласи Пешевски, Македонија постигна пораст во извозот, пораст на странските туристи во Македонија, на странските инвестиции, пораст во нето-платите.
-Во услови на економска криза македонската економија се движеше во нагорна линија – рече Пешевски.
Тој истакна дека во изминатите години се спроведени огромен број проекти во Македонија.
-Ги изградивме аеродромите во Скопје и во Охрид и скопскиот аеродором беше прогласен за најдобар аеродром во Европа, во овој момент се градат три нови автопатишта, нешто што во мнинатите години било целосно запоставено, се градат железници, слободни економски зони, се реконструираа и изградија огромен број на локални и магистрални патишта, повеќе од 300 училишта, спортски објекти – посочи Пешевски пред кратовци.
Тој нагласи дека токму во време на економска криза Владата на Република Македонија успеа да донесе неколку странски инвестиции, „Џонсон мети“, „Џонсон контролс“, „Кромберт и Шуберт“, „Дрексел мајер“, „Маркарт“ и уште многу други и дека е спроведена разновидна политика со која се зголемени платите во Република Македонија.
– Не постоеше група граѓани во Република Македонија што не била опфатена со политиката на Владата на Република Македонија – рече Пешевски.
Ѓорге Иванов, како што нагласи Пешески, беше кокретно вклучен во некои од проектите со својот капацитет.
– На пример, во секторот градежништво бевме во повеќемесечни преговори со „Џевахир холдинг“, кој сега ги изгради висококатниците, високи 100 метри. Проектот за да се донесе „Џевахир“ траеше со месеци, имавме многу средби и посети. Во една пригода, за време на една од посетите на Иванов во Турција, тој го замоли градоначалникот да го заложи инвеститоротда ја посети Македонија, да ги разгледа условите и да реши да инвестира тука. Инвеститорот потоа ја посети Македонија, беше на гости кај Иванов и тогаш таа инвестиција ја донесе пред самиот крај, токму со поддршката на Иванов – истакна Пешевски.
Како друга инвестиција во Македонија благодарение на Иванов Пешевски ја спомена и изградбата на автопатиштата кон источна и кон западна Македонија.
– За изградбата на автопатиштата имавме многу анализи, технички посети во Кина, средби и преговори, но напредокот беше бавен, повторно се обративеме кај Иванов и го замоливме при посетата на Кина да изврши лобирање кај кинескиот претседател, и тоа е нешто што говори за ителектуалната способност на Иванов и по таа средба ставивме камен-темелник на двата автопатишта, инвестиција вредна речиси 600 милиони евра, со кои голем број луѓе од овие краишта ќе најдат работа – рече Пешевски.
Тој нагласи и дека овој ангажман претседателот Иванов го правел во заднина и без медиумска презентација и со тоа докажува дека длабоко во срцето се грижи за напредокот на својата нација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани