| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Кисела Вода – кумановец кршел мебел и се заканувал со нож

Вчера наутро, околу 1.00 часот на ул.„Димо Хаџи Димов“ бр.56 во Скопје дошло до расправија меѓу лицата: П.Ј.(32) од Злетово, Т.З.(34) од с.Секулица – Кратово и Т.М.(21) од Кратово, од едната страна и Н.С.(25) од с.Градиште – Куманово, од другастрана, при што Н.С. почнал да го крши инвентарот и мебелот во куќата каде што живееле како потстанари и му ставил нож на вратот на Т.М. заканувајќи му се дека ќе го убие доколку за неговото однесување кажел на нивниот работодавец.

ПС „Кисела Вода“ презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top