Пречекот на Даниел Кајмакоски на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје е закажан за 15 часот, кога неговиот авион би требало да пристигне од Белград.
– Какво е времето во Скопје? Ве сакам, се гледаме – напиша предмалку Кајмакоски на „Фејсбук“ од белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
Се очекува голем метеж и многу обожаватели на победникот на „Икс-фактор“, па од неговиот тим повикуваат на смиреност и на разумност за да не дојде до несакани последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.