Непријатен инцидент се случил пред неколку дена во Малезија кога ожалостените роднини на патниците од исчезнатиот „боинг 777“ морале да ги напуштат собите од хотелот „Сајбервју ресорт“ затоа што биле резервирани за членовите на тимот Ферари, кои овој викенд се натпреваруваат за Големата награда на Малезија.
Шефот на Формула 1, Берн Еклстоун изјави дека ситуацијата во која се нашла екипата на Ферари е непријатна и за нив и за хотелот.
– Многу ми е жал за тие луѓе, но одлуката за преселување на гостите е работа на хотелот. Што би требало да направите ако имате резервација во хотелот – прашал Еклстоун со забелешка дека собите биле резервирани многу порано пред да исчезне авионот.
Поради ваквата ситуација неколку кинески семејства биле префрлени во друг хотел, а за целата ситуација дополнително се правдаа и од Ферари.
– Тажни сме поради тоа што се случи. Не примивме никакво барање за промена на хотелот, а не бевме ниту свесни дека семејствата на патниците од исчезнатиот авион престојувале во хотелот. Резервациите беа направени уште лани во мај – соопштиле од Ферари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст