Јас сум со вас, граѓаните. И не сум во тоа осамен. И премиерот и неговите министри се луѓе кои се постојано со граѓаните. Постигнуваме успеси бидејќи сме во контакт со народот. Ова вечерва го истакна актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов на митингот кој се одржа во Кавадарци.

-Владата и членовите на Владата знаат каде и што треба да се направи. Нема град и село каде што не биле и не увиделе кои се потребите на луѓето. Дали е амбуланта, аптека, пат, водовод, спортска сала, училиште…Јас од првиот ден активно ги поддржував сите овие напори и во рамките на своите надлежности го помогнав нивното остварување. Претседателот соработува со Владата како што соработува со граѓаните. Тоа е нашиот стандард, нагласи Иванов.

Тој додаде дека работат на принцип соработка со сите и меѓу сите и соработка меѓу институциите на државата, општините и стопанството, со единствена цел – создавање нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани




























