Руските власти денеска соопштија дека одговориле на западните санкции воведени врз Москва поради Украина, но не прецизираа што конкретно претставува одговорот.
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич изјави дека некои западни земји го следеа примерот на САД и ги проширија санкциите против Русија и дека Москва презема возвратни мерки што се реципрочни.
– Природно таквите акции не може да минат без реакција – истакна Лукашевич.
САД, ЕУ и Канада воведоа забрана за патување и блокада на сметките за некои руски службеници поради припојувањето на Крим. Русија одговори со воведување забрани за патување за девет американкси и 14 канадски функционери и пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



