Кина на туристите на кои им пречи високата загаденост почна да им нуди свеж воздух, на тој начин што им продава шишенца со кислород.
Во обидот да се укаже на опасното ниво од смог, што Светската здравствена организација го опишува како „криза на животната средина“, на улиците во Кина ќе се продава конзервиран воздух.
Шишенцата воздух ќе бидат произведени во југозападната провинција Гуејџоу, а воздухот ќе се „пакува“ во еко туристичките зони, како што се Фанџинг и Леигонг.
Меѓутоа, претприемачите од тоа веќе почнаа да заработуваат. Костимирани ликови под називот „Oxugen Babies“ делат шишенца со воздух, собран на планините во Тјанм.
Инспирацијата за оваа идеја е дојдена од Јапонија, каде што на планината Фуџи се продаваат слични шишенца воздух.
Исто така, минатата година извесниот Чен Гуангбиао, кој се збогатил благодарение на рециклажа, тврдеше дека за само 10 дена продал 10 милиони такви лименки и тоа во време кога нивото на загаденост било рекордно високо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.