Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Ан Брасер не ја отфрли можноста Русија да биде исклучена од членство во Советот на Европа поради Украина.
Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Ан Брасер не ја отфрли можноста Русија да биде исклучена од членство во Советот на Европа поради Украина.
– Сѐ може да се случи. Тешко е да се каже како ќе се развива сегашната криза во односите меѓу Русија и Европа. Ние во 2008 година изнесовме став дека акциите на Москва се неприфатливи кога руските трупи интервенираа во Грузија, но тогаш Русија не отиде предалеку – истакна Брасер.
Според неа, сега е важно двете страни да продолжат со разговори, а „ПССЕ е поволна структура за дијалог“.
Таа предупреди дека присоединиувањето на Крим кон Русија претставува „кршење на Уставот и меѓународното право, вклучувајќи ги и договорите од Будимпешта, потпишани од Русија“.
Брасер потсети дека Венецијанската комисија не го признава легитимитетот на кримскиот референдум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.