В сабоабо, на 29 март, со почеток во 20.30 часот, во кафе барот „Драма“ на ул. Македонија, ќе се одржи првото ноќно читање во оргнизација на ЕВН Македонија. Тоа е со цел одбележување на Часот на планетата Земја, но и приклучување на акцијата на „Клуб Матица“ за промоција на читањето на секаде и во секое време наречена „Читај повеќе“.
Настанот е замислен како можност посетителите да читаат во темнина, со светилки што ќе ги осветлуваат само страниците на книгите во нивните раце. Дополнително, на настанот ќе бидат присутни и дел од авторите на книгите. Истите ќе ги потпишуваат книгите што ќе се поделат на посетителите, како подарок и начин да им се порача на луѓето да читаат повеќе и насекаде.
Агендата на настанот е следната:
- 20.30 – 20.40 – Гасење на светлата во локалот и сместување на посетителите.
- 20.40 – 21.00 – Интерпретација на проза и поезија од македонски автори.
- 21.00 – 21.30 – Посетителите ќе имаат можност да читаат во темнина, само со помош на специјални книжевни светилки, а атмосферата ќе биде надополнета со свирка со акустична гитара.
- Во текот на целиот настан, нашите автори Дарко Марковиќ, Евгениј Хоуп и Паскал Гилевски ќе ги потпишуваат поделените книги и ќе се дружат со посетителите на првото ноќно читање во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.