Економската состојба на деловните субјекти во февруари годинава нивните раководители ја оценуваат како поповолна во однос на февруари 2013, а
понеповолна во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обемот на производството во февруари 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработени. Во февруари 2014 година, резервите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Резервите на готовите производи во февруари 2014 година се намалени во однос на јануари 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2014 година изнесува 58,9 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во февруари 2014 година имаат недоволната странска побарувачка со 25,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 8,4 отсто и финансиските проблеми со 8,3 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.