Откриен е прв случај на бруцелоза во Велешко, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.
– Бруцелозата во последните неколку години во овој град е сведена на минимум, што е резултат на одличната соработка на Центарот за јавно здрвје-Велес со ветеринарните екипи од градот кои континуирано работат на превенција и вакцинација на стоката за сузбивање на болеста – изјави епидемиологот Билјана Трајкова, која истакна дека минатата година имало само двајца заболени, а така било и претходните неколку години.
– Само до пред седум години во овој реон годишно имаше и по 40 лица заболени од бруцелоза, што укажува дека болеста е сведена на минимум – потенцира д-р Трајкова.
Од бруцелоза најчесто заболуваат сточарите, преку стоката, главно овци и кози, но и граѓаните кои консумираат непроверени млечни производи, главно сирење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејна драма во велешко: Со дрво му ја скршил влезната врата на внукот, па му се заканувал дека ќе го убие
-
Италијанските медиуми ги објавија имињата на патниците во урнатиот авион кај Кожле
-
Плата од 500 евра, која никој не ја сака – недостигот од овчари го преполови сточниот фонд
-
Воз удри во карпа кај Велешко