Групата на „Фејсбук“ „FB Referendum-Putine, prikljuci i Srbiju!“ за само неколку дена собра повеќе од 6.000 членови! По приклучувањето на Крим на Руската Федерација, основачите на групата повикуваат на референдум на кој Србија би се приклучила на Русија, според кримско сценарио. Ова е мапата на која е прикажана Србија со Русија и Црна Гора. Повеќето членови го одобруваат приклучувањето.
– Србија има толку многу пријатели во Русија, еден од нив е и вицепремиерот на Русија, кој е Србин по потекло. Зошто да го прененрегнуваме пријателството. Сакаме референдум за ова прашање, пишува еден од членовите на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.