Screenshot: NASA
Астероидот 2012ДА14 со големина на олимписки базен минал покрај Земјата на најмала одалеченост од 27.700 километри. Во еден момент бил поблиску до Земјата од некои нејзини вештачки сателити. Според НАСА таа одалеченост е доволно далеку од Земјата и групата сателити кои кружат околу неа, вклучувајќи ја и Меѓународната вселенска станица. Се работи за астероид кој ни приближно голем колку не е ни приближно голем како оној со пречник од десетина километри кој на планетата стави крај на животот на диносаурусите. Сепак во случај да удри во површината на Земјата, би можел да уништи урбана област голема колку, на пример, Лондон.
Научниците велат дека минувањето на астероидот покрај Земјата повеќе влијаело врз него. Тој е премногу мал за да може да предизвика какви било последици врз Земјата. Но земјата значително ќе ја смени орбитата на астероидот, па периодот на неговото орбитално движење од 366 дена ќе биде намален на 317, а можно е и поради дејството на плимата на Земјата да дојде до промена во неговата ротација. Астероидот 2012ДА14 би можел да содржи многу вредни природни ресурси, како што се железото, никелот и водата кои би можеле да се користат во вселената како погонско гориво за вселенските летала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


