| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ го купи „Окулус“ за две милијарди долари

fejsbuk-mark-zakerberg
– Американската социјална мрежа „Фејсбук“ ја презеде компанијата „Окулус“, која се занимава со изработка на очила за виртуелна реалност, за сума од две милијарди долари.
Според коосновачот и директор на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, оваа аквизиција е долго планирана и ќе биде исплатлива.
Со овој договор, акционерите на „Окулус“ ќе примат 400 милиони долари во готовина и 23,1 милиони акции на „Фејсбук“, вредни 1,6 милијарда долари.
Цукерберг додаде дека преземањето на „Окулус“ е дел од настојувањето да се изгради следна „голема компјутерска платформа“ која ќе се употребува на мобилните уреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top