| четврток, 6 декември 2018 |

Илија Димовски: Пендаровски е човекот што дозволи изборен фалсификат

caska ivanov

Го слушам овие денови Пендаровски ветува дека тој ќе се залагал за еднаквост, слобода и демократија. Убави зборови. Уште да не беа кажани од човек кој долги години е во високата политика како еден од најблиските соработници на Црвенковски ќе требаше и да му поверуваме, изјави Илија Димовски на вечерашниот митинг во Чашка.

-Јас би се потсетил малку, бидејќи Пендаровски не сака да се сеќава на своето минато и би запрашал. Каква демократија и еднаквост промовираше Пендаровски кога тој беше Претседател на Државната изборна комисија кога Црвенковски на незаконски и фалсификуван начин ја узурпираше функцијата Претседател на државата. Па тогаш извештаите на меѓународните организации беа преполни со информации за полнети кутии во западна Македонија. Но и ние гледавме и знаеме како Црвенковски се добра до претседателската функција. Тогаш Пендаровски беше тој кој го дозволи и го оправда целиот фалсификат. За таква ли демократија ќе се залага и сега? Или пак и тој како и неговиот шеф ќе си одат по старатa, не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам, рече Димовски.

Црвенковски одбиваше да го потпише Законот за стечајци пред десетина години и на тој начин им ги продолжи маките на илјадници сограѓани кои настрадаа во неговата приватизација, изјави Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Чашка.
-И тогаш Пендаровски беше советник и близок соработник на Црвенковски, но ниту еднаш не го слушнавме да каже дека не се согласувал со својот шеф, дека го советувал обратно од тоа што Бранко го правеше. Пендаровски не го советувал Црвенковски да го потпише Законот за стечајци, а денес зборува за правда. Нема правда кај нив. Кога тие се на власт не почитуваат никого и не се грижат за никого. Кога се во опозиција зборуваат, ветуваат, мислиш мед и млеко им тече од устите. Но сме ги виделе и какви се кога се на власт. Е тогаш се безмилосни, арогантни и недостапни. Тогаш на Македонија и се случуваат најголемите проблеми. Тогаш се менува името, тогаш се менуваат границите на општините, тогаш се разграбуваат фабриките, тогаш луѓето се напуштаат од работа, тогаш се намалуваат пензиите, изјави Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top