Доктор Лазар Јовевски, доцент по трудово и социјално право на Правниот факултет „Св. Кирил и Методиј“, денес гостуваше на отвореното студио пред почетокот на митингот на кандидатот за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” Ѓорге Иванов во Свети Николе.
Тој зборуваше за улогата на претседателот во процесот на привлекување на странски инвестиции, како и за улогата која ја има во државата, воопшто.
-Согласно уставните надлежности кои го има претседателот на Република Македонија, има повеќе аспекти во која што може да се види неговата улога во делот на вработувањата, работните места како и во креирањето на социјалната политика. Јас би ги поделил во два големи корпуса едниот момент е каде што претседателот со својата улога на меѓународен план учествува во рамките на два сегмента и тоа пред се во делот на привлекување на странски инвестиции, а тие секако се поттик и основа за отварање на нови работни места и вториот момент каде што тој делува е една суптилна сверна на социјална политика каде на билатерален и на мултилатерален план склучува договори кои што се многу значајни за нашите граѓани, а се однесуваат во делот на социјалните бенефити. Пример пензии, одредени прашања околу здравствено осигурување и слично кои нашите државјани ги уживаат кога одат во странство или оние државјани кои што работат во странство а потоа доаѓаат во република македонија да живеат, се пензионираат, работат, изјави Јовевски.
Додаде и дека во програмата на претседателот Ѓорге Иванов поприлично внимание се посветува на економските прашања, посебно на вработувањата и социјалните права.
-Претседателот прави еден обид за поврзување помеѓу државата, бизнис секторот и образованието. Според мене ова е еден многу клучен момент и тука претседателот може да одигра огромна и значајна улога, додаде тој.
Јовевски додаде дека направил анализи на неговата програма и забележал дека токму тие значајни елементи со право се застапени во програмата на Иванов, отварањето на нови работни места и економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево