| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа на Рајковиќ со Работнички

И Кожув немаше проблеми со Вардар, па гевгеличани се задржаа на првото место на табелата и пред одигрувањето на утрешните дерби средби

Работнички без проблеми дојде до првите поени во продолжението од првенството и тоа од мечот со Пелистер, а Кожув слично на скопјани го победи Вардар и остана на врвот од табелата во нашата Прва кошаркарска лига со биланс 9-2.

Во Градскиот парк Работнички ги демолира битолчани со 108-59, а особено импресивна беше третата четвртина во која домаќинот создаде предност од 33-7. Американците Абукар и Шарпер поентерски го предводеа тимот со 24 односно 17 коша.

Во салата 26 април во Гевгелија црвено-црните немаа шанси со поквалитетниот Кожув кој дојде до триумф од 82-60 со тоа што скопјани добија две четвртини, втората и четвртата, но и катастрофално играа во преостанатите две.

Утре играат екипите сместени меѓу второто и петтото место: Лирија-Струмица (18.30) и Фени Индустри-Куманово (19.00)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top