| четврток, 6 декември 2018 |

Обама суспендира тројца агенти бидејќи биле пијани

obama-1.si_

Тројца агенти на американската тајна служба кои се задолжени за безбедноста на претседателот Барак Обама се суспендирани бидејќи биле пијани, пишува весникот „Вашингтон пост“. Тројцата агенти биле задолжени за безбедноста на Обама за време на посетата во Европа.

– Еден од нив е пронајден „мртов пијан“ во холот на хотелот еден ден пред претседателот да пристигне во Европа, објави весникот, повикувајќи се на неименувани извори.

Портпаролот на тајната служба Брајан Лири потврди дека агентите се вратени назад во САД од Амстердам, поради дисциплински причини, но не сакаше да изнесе повеќе детали.

Овој инцидент потсетува на скандалот од април 2012 година, кој се случи во колумбискиот град Картагена, а во кој беа вклучени агенти на американската тајна служба и проститутки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top