| четврток, 6 декември 2018 |

Со босилек против нервоза

Главното дејство на босилекот, кое било откриено уште од многу одамна од нашите предци е неговата чудесна способност да ни помогне при проблеми со стомакот, подобрување на работата на желудникот, смирување на нервниот систем, несоница, грчеви во желудникот, труења и детоксикација на организамот

bosilek-lechebno-armotana-kultura-_html_35772e3d

Чајот од босилек им се препорачува на нервозни лица, на деца што имаат немирен сон и на возрасни што страдаат од вртоглавица, ангина или мигрена, стомачни грчови – во сите тие случаи се пие два-три пати дневно по едно филџанче чај (мало лажиче се прелева со 2 дл зовриена вода). Овој лек ги растерува црните мисли; лекува астма, воспаление на бубрези, го отвора апетитот, го засилува сексуалниот нагон.

Босилекот има и диуретско својство – помага за подобро лачење на урината. Тој дејствува стимулативно на циркулацијата на крвта и го подобрува крвотокот. Се подготвува на следниот начин: во 1 л вода се ставаат 10-15 г листови; тие стојат во водата од половина до еден час. Есенцијата од босилек се пие во дози од по 5 капки на коцка шеќер, по јадење. Користи против недостиг на желудочни сокови предизвикан од некое нервно нарушување.

Интересно е тоа што чајот приготвен од босилек им помага на младите мајки да го зголемат млекото за да можат непречено да дојат. Свежо исцедениот сок од босилек се користи како лек против ушна инфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top