Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, очигледно си го променил личното име, а тоа го покажува и официјален документ од Собранието на Република Македонија од 2004 година.
Според овој документ името на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски било Стевчо Пендаровски.
Доколку името запишано во одлуката за именување на Пендаровски за претседател на Државната изборна комисија (ДИК) е точно, тоа значи дека тој во меѓувреме го променил своето лично име од Стевчо во Стево.
Ако Пендаровски можел да го промени личното име, каква ли ќе биде неговата одлука доколку тој треба да одлучува за уставното име на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



