Умерен и одмерен старт на кампањата за претседателските избори. Пораките кои вчера ги испратија канидатите за шеф на државата според аналитичарите се главните теми кои ќе користат во наредните дваесетина дена.
„Посебно ми е драго. Дури и канидатот на ДПА нагласи дека не е за делење по етничка основа. Мислам дека таа одмеренност и умеренеост е добра. Од друга страна Иванов во Охрид настапи многу моќно, ги отвори сите работи на еден голем митинг со кој сакаше да ја покаже поддршката од граѓаните. Државничкото однесување ќе биде централно понатаму. Пендаровски настапи поскромно, пшто можеби ја открива и неговата намера да оди на помали настани во согласност со ресурсите што се достапни“, вели Клековски за ТВ Алфа.
Но она што е интересно, како што вели Клековски во моментов нема чувство дека сме во голема кампања. Неговиот впечаток е дека партиите ги штедат своите ресурси за парламентарната кампања.
„Влогот е тогаш поголем. И очекувам дека кога ќе започне кампањата за парламентарните избори добар дел од претседателската ќе влезе во втор план.Сега е можност во оваа недела претседателските канидати да ги испратат главните пораки до граѓаните“, посочува Клековски.
Тргнувајќи од искуството во 2009 година од претседтаелксите избори и анализирајќи ги канидатските профили, тој очекува дека ќе се задржи високото ниво на политичка култура. Но не ја исклучува и можноста од негативна кампања, која според него поизразена ќе биде за парламентарните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања