Претседателот Иванов денеска оствари средба со жителите на струшкото село Октиси.
Жителите на Октиси го поздравија претседателот Иванов, му посакаа успешна кампања и му изразија силна поддршка за претстојните избори.
Локалното население истакна дека е задоволно од досегашната политика на претседателот, од неговите ставови и неговата посветеност како на државните интереси, така и на интересите на граѓаните.
Запознавајќи го претседателот Иванов со тековниот живот и тековните проблеми во нивното населено место, жителите истакнаа дека Иванов е првиот претседател што покажал грижа и се посветил на сите граѓани во државата, и дека секогаш е меѓу својот народ, придавајќи подеднакво значење на прашањата од локален интерес.
Претседателот Иванов пред жителите на Октиси ја претстави својата изборна програма и порача дека и во иднина ќе се залага за безбедна држава, за силно стопанство и за образована младина, со цел сите граѓани на Република Македонија да живеат во благосостојба и да имаат пристоен и просперитетен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани