| четврток, 6 декември 2018 |

И Мекејлеб победи со Фенербахче

Лестер Бо Мекејлеб и Фенербахче ги задржаа минималните шанси за пласман во завршницата на Евролигата со победа над лутиот ривал Бешикташ со 78-72. Американецот што има наш пасош и игра за македонската репрезентација даде 10 поени, а беше најдобар во категоријата украдени топки. Дури 4 пати Бо ја одзема топката од противниците и беше еден од клучните играчи во победата над Бешикташ.

Сега Фенербахче има 2 победи и 5 порази по првиот круг од 7 меча во топ-16 фаза. Бешикташ се уште е без победа на последното место.

Претходно и Перо Антиќ беше успешен со Олимпијакос против Химки и славеа во Москва со 87-82.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top