| четврток, 6 декември 2018 |

Заев нема да прифати премиерски мандат?

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека е пријатно изненаден од носителите на листите со кандидати за пратеници од неговата партија во шесте изборни единици. За него ваквиот потег на неговата партија е исклучително храбар и на долгорочни стази посветен на подобрата иднина на Македонија, а коментарот го заврши со „како им текна на човеците, алал вера“.

Заев на новинарско прашање зошто не се наоѓа на самиот врв на некоја од листите на опозицијата одговори дека тој како претседател на СДСМ ја чувствува одговорноста да биде дел од законодавната власт, но поради преголемите ангажмани и како градоначалник на Струмица, смета дека нема да може да се посвети на пратеничката должност со оној жар со кој и’ е потребен на Македонија.

sdsm2

„Бев пријатно изненаден кога ги видов тие нови имиња на врвот на листите на мојата партија. Дел од нив ги знам, прекрасни луѓе се, со дел ќе се запознаеме верувам деновиве на редовните систематски прегледи кои ќе ги спроведеме како еден новитет во изборната понуда. Ќе мора да се прегледаат сите кандидати за пратеници да се види степенот на еластичност на кичмата“, изјавил претседателот.

Остана отворено прашањето дали Заев како претседател на партијата би прифатил мандат за формирање влада доколку неговата опција добие доминантен број на гласови на престојните парламентарни избори, имајќи предвид дека премиерската функција има многу поголеми обврски од онаа на пратеникот, а Струмица покажа дека не може без Заев и обратно. Исто така е нејасно дали Радмила Шеќеринска е задоволна од ваквиот изглед на листите, бидејќи запрашан за нејзиниот став претседателот Заев одговори: „Не знам, не сум се чул, пишах и 3-4 пораке ама не ми вратила сеуште. Чим ми се јаве ќе ви кажам“.

Во кулоарите се шпекулира дека доколку СДСМ победи, а Заев не сака да биде премиер, мандаторот на новата влада ќе се бира по демократскиот принцип на играње „ком-па-ни-ја“ меѓу сегашните носители на листите на опозицијата.

Кромиди Запад

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top