| четврток, 6 декември 2018 |

Жириновски: Не е метеор, туку тајно американско оружје!

Жириновски рече дека Џон Кери се обидел да го предупреди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на провокација која тој ја направил во понеделникот, но не можел да дојде до него

Vladimir-Zirinovski
Владимир Жириновски, пратеник во руската Дума, познат во јавноста по своите неумерени изјави, рече дека не паѓале метеори на Русија, туку дека светлината,блесоците и потресите биле последица од проба на ново американско тајно оружје.

-Тоа не се метеори кои паѓаат, тоа се Американците кои го тестираат своето најново оружје-изјави тој, неколку часа откако Министерството за вонредни состојби објави за инцидентот во кој од метеорите повредени се стотина луѓе и оштетени се голем број на згради.

Истотака, тој рече дека државниот секретар на САД, Џон Кери се обидел да го предупреди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за провокација која тој ја направил во понеделникот, но не можел да дојде до него, повикувајќи се на коментарот од Стејт департментот дека Кери неколку дена се обидувал да разговара со Лавров за Северна Кореја и Сирија.

-Вселената има свои закони, таму ништо не паѓа. Ако нешто падне, тоа го прават луѓето. Луѓето потикнуваат војни и провокации-изјави Жирновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top