| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите на Кајмакоски: Вие сте дел од семејството на Даниел

„Драги, сакани и почитувани фанови на Даниел.

Сакаме од срце и душа да ви се заблагодариме за големата и несебична поддршка што му ја дадовте на нашиот син Даниел Кајмакоски. Со победата на Даниел, не победивме само ние како родители, туку и вие, неговите обожаватели, кои сте исто заслужни за овој голем триумф на Даниел. Победија вистината, искреноста и љубовта.

Затоа сакајте се сите и почитувајте се, пред сѐ како луѓе. Само така може да се стигне до победа и до саканата цел со единство и слога. Сакајте се сите зашто во љубовта е силата.

Ве сакаме сите без разлика од каде доаѓате и каде се наоѓате. Ве сакаме и почитуваме како дел од едно големо семејство, семејство на Даниел Кајмакоски. Господ да ве чува сите“.

Вака Ружица и Павле Кајмакоски им заблагодарија на сите тие што ја дадоа поддршката што го донесе нивниот син, Даниел Кајмакоски, до неговата победа во „Икс-фактор“.

Тој на ова возврати дека знае како им е на неговите родители и колку им го наполни срцето.

– Со гордост секогаш ќе кажам син сум на Павле и на Ружица Кајмакоски – вели Даниел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top