Од аерозагадувањето во светот годишно умираат околу седум милиони луѓе, а повеќе од половина смртни случаи се предизвикани од испарување од печките во куќите, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).
Во извештајот се истакнува дека загадувањето на воздухот е причина за секој осми смртен случај.
– Мора да дишеме, па затоа е тешко да се избегне загадувањето – изјави директорот на истражувачката групација за екологија на „Кралскиот колеџ“ во Лондон Френк Кели.
Еден од главните ризици во загадувањето се наоѓа во ситните честички кои влегуваат во белите дробови и предизвикуваат иритација. Научниците се сомневаат дека загадувањето на воздухот исто ттака предизвикува срцеви воспаленија, што доведува во хронични проблеми или срцев удар.
Според претпоставките на СЗО, во текот на 2012 година 4,3 милиони смртни случаи се предизвикани од внатрешното загадување на воздухот и тоа најчесто се луѓе кои готват во затворени простории користејќи печки на драва и јаглен во Азија.
СЗО нагалсува дека во текот на 2012 година околу 3,7 милиони смртни случаи се предизвикани од надворешни загадувања, од кои скоро 90 отсто се во земјите во развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.