Перо Антиќ одигра одличен натпревар за Олимпијакос во Евролигата, а актуелниот шампион на континентот славеше мошне важна победа во Русија, над Химки од 87-82.
Македонскиот репрезентативец постигна 11 поени, имаше и 8 скока и две украдени топки, едната од нив во клучен момент, во финишот од натпреварот.
Американецот Хајнс додаде 19 поени и покажа дека повредата во грчкото дерби со Панатинаикос, кога беше погоден со светлечка ракета, е минато. Ист број поени постигна и Спанулис, но тој и одлично асистираше (7 асистенции).
По седум одиграни натпревари во Топ 16 фазата тимот на Олимпијакос има скор од четири победи и три порази и остана во игра за пласман во следниот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


