
Нашите мајки и баби велат дека патот до срцето на мажот минува низ стомакот, но за жал тој може да е многу трнлив. За да заврши патешествието успешно, потребни се многу повеќе работи од женскиот шарм, потребен е ум и искуство.
Прво собере колку што можете повеќе информации за човекот кој ви се допаѓа. Дознајте што го привлекува, што го интересира и што сака да прави. Многу е важно да покажете почит кон она со што се занимава вашиот избраник. Дајте му шанса да се чувствува дека успеал кај вас.
Изненадете го со нова фризура, шминка, облека и долна облека за да покажете дека ви значат средбите со него и сакате да изгледате убаво во негово друштво. Оставете го да се чувствува слободен. Повеќето девојки буквално го напаѓаат избраникот со повици и пораки. Така само ќе го оддалечите, бидејќи ако тој сака да помине време со вас, ќе се јави сам.
Бидете различна. Рутината и постојаноста им досадува на мажите. Тие бараат нешто невообичаено и интересно. Точно за таква жена се подготвени да го направат и невозможното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


