До Собранието исто така претседателот на Владата ги достави и оставките на министрите Бесими, Арифи, која беше задолжена за евроинтеграциите, на Невзат Бејта, кој поднесе оставка од функцијата министер за локална самоуправа, како и на замениците – министри за внатрешни работи и за транспорт и врски Џељаљ Бајрами и Тахир Хани.
Според предлогот доставен до Собранието,Бајрами ќе биде именуван за заменик-министер за транспорт и врски, Земри Ќамили за заменик-министер за внатрешни работи и Ардиан Џеладини, за нов заменик-министер за финансии.
Изборот на новите министри треба да се случи на седницата на Собранието, закажана за в понеделник.
Теута Арифи и Невзат Бејта денеска на прес-конференции ги образложија своите оставки кои се дадени поради нивното учество на претстојните локални избори како кандидати на ДУИ за градоначалници на општините Тетово и Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



