| четврток, 6 декември 2018 |

Софијанова: Иванов нѐ сплоти и заборавивме на сите предрасуди

цули

Доктор Аспазија Софијанова, која е една од многуте македонски интелектуалци кои застанаа позади кандидатурата на претседателот Иванов, истакна дека се сплотиле во оваа иницијатива и пронашле разбирање околу неговата личност, карактер и особини.

-Ние сме околу 30тина, сите од различни вери и националности, професии, занимања, значи буквално тоа се граѓани од република македонија кои ја препознаа човечноста во човекот, достоинството во оваа фамилија, и желбата навистина да се најде на сите,без разлика, пак ќе кажам на нивната етничка, етичка, национална припадност, значи аплсолутно се изгубија сите било какви предрасуди и едноставо се сплотивме како луѓе – потенцираше Софијанова.

Меѓу другото, Софијанова истакна дека имале успешна соработка и со Маја Иванова, за многу хуманитарни проекти. Таа додаде дека биле понесени од хуманитарните иницијативи и дека и в иднина ќе продолжат со истиот ентузијазам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top