-Во изминативе 4 годнини водевме прекрасна комисија, комисија за доделување на наградата за најдобар млад научник во Република Македонија. Награда која ја воспостави претседателот, неговата екселенција доктор Ѓорге Иванов и која што успешно беше реализирана и се надеваме дека ќе продолжиме да ја реализираме, бидејќи тоа значи поттикнување на младите во науката кон истражувањето затоа што имаме потенцијал, имаме капациети, имаме млади кои се занимаваат со научно истражување и кои истите тие ги применуваат во било која гранка од развојот индустријата -изјави Професор Др. Атанас Кочов.
Професорот кој е и Претседател на комисијата за доделување на наградата за млад научник, воедно истакна дека во Македонија постојат навистина добри услови за истражување, а на светот ќе му покажеме дека имаме кадар и имаме потенцијал за научна дејност и истражување. Тој додаде дека се надева дека овој тренд ќе продолжи, затоа што претседателот ги поттикна младите и ќе продолжи да ги поттикнува да се занимаваат со наука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани