| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца загинати и двајца тешко повредени кај селото Радичево

По директен судир на две возила попладнево кај селото Радичево лоцирано меѓу Радовиш и Струмица загинале 3 лица, а две се тешкоповредени.

 

Жртвите се од селото Злегово и од Струмица.

Двете патнички возила марка „шкода“ и „мерцедес“ се целосно уништени.

Според извори од местото на настанот, пожарникарите едвај ги извадиле телата на загинатите од возилата.

Повредените биле пренесени со Брза помош во струмичката болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top