| четврток, 6 декември 2018 |

„Марили“ по 18. пат ќе избира најуспешна менаџерка

Во Музејот на македонската борба, в четврток, со почеток во 20 часот, Агенцијата „Марили“ по 18. пат ќе ја одржи манифестацијата „Избор на најуспешни менаџерки од Република Македонија“. Оваа година покровител на манифестацијата е министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска.

Во рамките на манифестацијата ќе биде промовирано и новото издание на Бизнис каталогот на Република Македонија, во кое се опфатени содржини од бизнис инвестициите и претприемништвото во различни дејности и области.

Агенцијата „Марили“, како општествено-одговорна компанија, оваа година одбележувајќи го своето полнолетство и 18-годишна традиција, во соработка со менаџерките организираше хуманитарна донација. Средствата собрани од оваа акција се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, а истиот ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Годинава лауреати, кои даваат свој голем придонес во економските текови на Република Македонија се:

Избрани жени менаџери за 2013 година

  1. Г-ца Маријана Ангелоска, заменик на генералниот менаџер, „Ариљеметал“ ДОО Скопје , Скопје
  2. Г-ѓа Марина Бадаровска-Мишевска, хотелски менаџер, хотел „Казино Фламинго“ , Гевгелија
  3. Г-ѓа Маја Димовска, генерален менаџер, „Чоколографија Македонија“, Скопје
  4. Г-ца Тања Дејаноска, генерален менаџер, ПЗУ „Дентал Интернационал Дејаноски“, Скопје
  5. Г-ѓа Евгенија Зафировска, генерален менаџер, Друштво за услуги „БЕСТЕЛ“, Скопје
  6. Г-ца Фросина Мешкова, генерален менаџер, ПИ „Свисслион“ ДОО, Скопје
  7. Г-ѓа Даниела Пиперкоска, генерален менаџер, „Луцерн ВИП“ ДОО, Скопје
  8. Г-ѓа Анета Антова-Пешева, генерален менаџер, „УНЕТ УЛТРА“, Скопје
  9. Г-ѓа Магдалена Симоновска, генерален менаџер, ДТПУ „Шевро“ Куманово
  10. Г-ѓа Славица Тодоровска, генерален менаџер, „Хемофарм“ а.д., Претставништво Скопје
  11. Од општествениот сектор: Г-ѓа Ирена Мишева, претседателка на Совет на град Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top