
Ако сакате да имате добро памтење, тоа може да го постигнете со редовно консумирање неколку вида намирници.
Зелен чај
Според многу истражувања, пиењето зелен чај ги подобрува когнитивните функции. Сепак, во тоа не треба да се претерува бидејќи сосема е доволно да се напиете една или две шолји чај.
Лосос
Лосос е богат со омега 3 масти, како и останатите масни риби, како што е туната, кои директно влијаат врз паметењето. Според истражувањата спроведени во САД, тие што јадат риба барем еднаш неделно, имаат подобро памтење од тие што не јадат риба.
Боровници
Различни истражувања покажале дека боровниците го подобруваат памтењето и когнитивната функција. Ова овошје има антоцијан, кој помага во спречувањето на губењето на меморијата која доаѓа со годините.
Зоб
Зобот е богат со влакна и содржи фолна киселина, која го збогатува мозокот. И други житарки се добар извор на фолна киселина.
Куркума или индиски шафран
Куркумата ја подобрува храната, но содржи и антиоксиданти, кои се борат против воспаление и кои ги подобруваат мозочните функции.
Брокули
Брокулите се богати со антиоксидански, кои помагаат во зачувување на способноста на памтењето. Останатиот зеленчук, како зелка, карфиол и спанаќ, има исти својства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


