| четврток, 6 декември 2018 |

Торонто ѝ се реваншираше на Атланта, Антиќ со скромен учинок од 4 поени

Екипата на Торонто и се реваншираше на Атланта за поразот од 18 март, со победа од 96-86, а македонскиот репрезентативец Перо Антиќ имаше скромен учинок од 4 поени.

Вечерва во Торонто домаќините одиграа подобро од „јастребите“ во последната четвртина во која надоместија цели 11 поени негатива.

Хоукс водеа со 71-60 пред стартот на последните 12 минути и тогаш им се случи дебакл. Предводени од расположениот Кајл Лаури, кошаркарите на Торонто го добија последниот квартал од мечот со 36-15, за комплетен пресврт и значајна победа во битката за што подобра стартна позиција во доигрувањето.

Торонто сега има биланс од 39-31, за разлика од Атланта, екипа што е осмопласирана и грчевито се бори за да ја задржи последната позиција штѕо гарантира настап во плејофот. Хоукс имаат скор од 31 победа и 37 порази.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top